еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На располагање 1.000 болнички кревети за пациенти болни од корона вирусот

Клиниката за инфективни болести заедно со дополнителниот капацитет за прием на тешко и средно-тешко болни пациенти со коронавирусот располага со 250 болнички кревети, а со близу 400 кревети, болницата „8-ми Септември“ во Скопје, информираат од Министерство за здравство.

„Во моментов на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 59 пациенти што претставува една четвртина од расположивите капацитети само на оваа локација, што значи дека овие институции располагаат со доволно капацитети, но и со инфектолози специјалисти по инфективна медицина и обучен медицински персонал.

Моделот на третман и лечење на тешките и средно тешките пациенти во институции каде што има специјалисти по инфективна медицина, во комбинација со домашното лекување е модел на пристап кон пациентите со коронавирус којшто се применува во Германија и се покажува како солиден и може да се аплицира во нашата земја,“ велат од Министерство за здравство.

Од таму додаваат дека воспоставенa e координација помеѓу повеќе нивоа на институциите во рамки на здравствениот систем – примарните лекари, здравствените домови со пунктовите каде што се земаат материјали, секундарните болници и клиниката како врвна институција од терциерното здравство.

„Здравствениот систем е спремен да прими и поголем број на пациенти од бројката на пациенти кои сега се третираат во болниците и е подготвен за пикот којшто според проценките се очекува на крајот на месец април.

Министерството за здравство има на располагање вкупно повеќе од 1.000 болнички кревети за хоспитализирање на пациенти со коронавирус во: Клиниката за инфективни болести со дополнителните капацитети, болницата 8 Септември, Инфективните одделенија во Штип, Гостивар и Велес, Институт за белодробни заболувања во Козле, депандансот на Министерството за труд и социјална политика во Демир Капија, како и понудените капацитети од приватните болници,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, д-р Таше Трпчевски повика на помасовно тестирање за коронавирусот

51 од случаите со коронавирус се импортирани од надвор, 229 лица имале контакт со веќе потврден случај

Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 40-49 и над 60 години

Бројот на заболени здравствени лица со коронавирусот во Македонија порасна на 38

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За шест месеци издадени 278 лиценци за фотоволтаици, повеќе од цела година лани

Редакција

Од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Македонија

Редакција

(Видео) Снимки од дрон ја прикажуваат катастрофата од поплавите во Грција

Редакција