еМагазин
Image default
Свет

Корона вирусот стигна и до племињата во Амазонија

Една млада жена од домородното население, од селце зафрлано длабоко во прашумите на Амазонија, е заразена од коронавирусот.

„Ова е прв случај на Ковид-19 што е регистриран меѓу повеќето од 300 племиња во Бразил“, изјави вчера министерот за здравство на домородното население Сесаи.

Дваесетгодишната жена, од племето Кокама, во близина на границата со Колумбија, била тестирана и наодот и бил позитивен, изјави министерот Сесаи, пренесуваат британските медиуми.

Во истата област потоа се потврдени уште четири случаи, вклучувајќи и доктор од Бразилија, што довело до страв дека епидемијата може со разорен ефект да се прошири врз ранливите племиња.

Сесаи изјави дека жената била медицинска сестра и била во контакт со докторот. Таа била единствената со позитивен тест од проверените 15 здравствени работници и 12 пациенти.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата на САД очекува епидемијата од коронавирусот да трае 18 месеци

(Видео) Несекојдневен настан: Руски воен авион со помош „против“ корона вирусот слета во САД

На располагање 1.000 болнички кревети за пациенти болни од корона вирусот

„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Масовни гробници и хуманитарна катастрофа во Мариупол

Редакција

(Фото) Политичар од друг свет: Претседателот на Португалија сам си пазари во супермаркет

Редакција

„Фајненшл тајмс“: Се создава нов светски економски поредок, во кој доларот нема да биде доминантно платежно средство

Редакција