еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Стравот, социјалниот немир и кражбите го заменија пеењето во Италија

Згасна пеењето и пуштањето музика од балконите во Италија, каде до пред неколку дена луѓето се трудеа да бидат обединети во пораката дека „Се ќе биде добро“, објави „Гардијан“.

Три недели по „затворањето“ на земјата поради кризата со корона вирусот расте социјалниот немир кај голем дел од популацијата, посебно во посиромашните краишта на југот од земјата, каде граѓаните сфаќаат дека не е се добро.

„Веќе не пејат и не играат на балконите. Сега луѓето се поуплашени, не толку од корона вирусот, туку од сиромаштијата. Многумина останаа без работа и се гладни. Сега има долги редици пред „банките за храна“, вели  Салваторе Мелусо, свештеник во црква во Наполи.

Според „Гардијан“, тензиите растат во сиромашните јужни краишта во земјата како Кампанија, Калабрија, Сицилија… каде луѓето остануваат без храна и пари.

Има извештаи дека се врши притисок врз сопствениците на малите продавници да даваат храна без пари, а полицијата патролира пред супермаркетите во некои реони за да спречи кражби.

Целата сторија на Гардијан ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Босански лекар од Италија: Војна преживеав вакво нешто немам видено, корона вирусот го „јаде“ ткивото на белите дробови

(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот

(Видео) Редици пред продавниците за оружје во САД, се стравува од немири

Фото: Business insider

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка за годинава проектира раст на БДП од 3,9% и инфлација од 2,2%

Редакција

Во Зоолошка градина угина и третиот коњ од Монголија, се врши истрага за причините

Редакција

„Тетекс“ станува компанија за издавање недвижнини

Редакција