еМагазин
Image default
Бизнис

Народната банка даде препораки за избегнување на турканиците пред банките

Народната банка заради заштита на јавното здравје даде свои препораки за да се избегнат турканиците пред банките и да се спречи ширењето на заразата од корона вирусот:

-Филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно и неодложно.

-Од утре, во терминот од 10 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите.

Во овој термин да се даде приоритет на повозрасните граѓани коишто имаат неопходна потреба од банкарски услуги, тоа да го сторат навремено и без да се загрози нивното здравје.

Граѓаните коишто се во други возрасни групи, доколку имаат неодложна потреба од посета на банките, тоа да го сторат пред 10 или по 12 часот.

-При една посета да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека е потребно физичко присуство во филијалите и експозитурите.

-Да се настојува што повеќе да се користат услугите за електронско и мобилно банкарство.

-Доколку имате неопходност од посета на филијалите и експозитурите на банките, замолуваме да се почитуваат препораките за соодветна раздалеченост и за самозаштита.

-Да се почитуваат насоките дадени со цел преку чекањето пред филијалите и експозитурите да не се загрози здравјето.

-Секаде каде што е можно, при плаќање да се користат платежните картички.

„Ние сме во интензивна комуникација со банките, со конкретни предлози и решенија за да се надминат проблемите коишто беа актуелни изминатите денови, кога при исплатата на пензии и на социјална помош, бројот на граѓаните коишто ги посетуваат филијалите и експозитурите е зголемен.

Истовремено, за овие предлози и решенија веќе дискутираме и со претставници на локалната самоуправа и на општинските кризни штабови, за да се примени пристап којшто ќе даде најдобар и најефикасен резултат.

Како централна банка, максимално се заложуваме за системско решение коешто ќе биде спроведено за организирање на работата на банките при следните исплати на пензии и на социјална помош, процесот да се одвива поефикасно и без проблеми како во текот на изминатите неколку дена.

Граѓаните коишто се корисници на пензија и на социјална помош, пред следните исплати, навремено ќе бидат известени на организацијата на работата на банките.

Апелираме во текот на претстојниот период, сите граѓани да се придржуваат до препораките за соодветно користење на банкарските услуги без да се загрози јавното здравје“, соопшти Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките за раздалеченост додека се реорганизираат

„Отиде“ Македонија додека банките најдат „алтернативен“ начин за исплата на пензиите во готово

Банките наплаќаат многу „посолени“ камати за кредитите отколку што даваат за штедните влогови

Топ пет најпрофитабилни компании на берзата: Трите големи банки убедливо на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Официјално почна со работа канадската компанија „Магна Мирорс“, за 10 години предвидени над 1.300 вработувања и инвестиција од 39 милиони евра

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Здравствен дом – Охрид за набавка на амбулантно возило вреден 74.000 евра

Редакција

Побарувањето на Комерцијална банка од 3,3 милиони евра го одложи рочиштето за отворање на стечајна постапка на „Баргала“

Редакција