еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Канал 5“ со детали за заболениот новинар, кај кого на интервју гостуваа Мицкоски и Заев

Свесни сме за тежината на актуелната ситуација, поврзана со светската пандемија на Корона вирусот, која зема замав и за жал, исклучок не беше и еден наш колега, Гоце Михајлоски, информираат од телевизија „Канал 5“.

Нивното соопштение го пренесуваме во целост:

„Како професионална и одговорна компанија, која сигурно ќе го надмине и овој сериозен предизвик, потенцираме дека и ние самите сме изненадени од ваквиот развој на настаните, поради фактот што првиот тест кој го изврши колегата Михајлоски беше негативен.

Викендот на 28 и 29 март оваа година, колегата Михајлоски бил во посета на своте родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30 март, продолжува со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми.

Потенцираме дека подолг период веќе имаме воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на нашите вработени, во смисол: задолжително мерење на телесна температура при влез во  компанијата, обезбедивме дезинфекциони пунктови на 5 локации, на секој кат, дополнително и во информативната редакција, задолжително работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, а за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири, за дополнитена заштита.

Во четвртокот и петокот, во емисијата „Само интервју“, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што беа запазени сите протоколи.

Првите симптоми кај колегата Михајлоски се појавиле во ден недела, 5 април, кои биле во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17.00 часот го напуштил работното место.

Од понеделник, 6 април, на барање на компанијата, колегата е во самоизолација, а во меѓувреме тој забележува температура повисока од 38 степени, и бара од својот матичен лекар да добие упат за тестирање, но поради електронската анкета, нема доволни симптоми за да биде упатен на тестирање.

На 7 април, во утринските часови, поради зголемената температура прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е НЕГАТИВЕН на корона вирусот.

Во четврток, 09.04.2020 колегата Михајловски заминува во Воена болница, каде е примен, а утринава не информираше дека сепак е позитивен на Ковид-19.

Во насока на следење на препораките за заштита при работа од корона вирусот, последниве неколку недели Канал 5 донесе одлука да сите вработени кои можат да го изведуваат работниот процес од дома, тоа и да го прават.

Нашата компанија во соработка со Министерството за здравство ќе ги превземе сите чекори за брзо надминување на оваа несреќна здравствена состојба и благовремено ќе ја известува јавноста за сите новонастани моменти.

На нашиот колега Гоце Михајлоски му посакуваме да се опорави што е можно побрзо

Ниту тој сакал да биде заразен со Ковид-19, а уште помалку тој да биде трансмитерот и евентуално да зарази трети лица.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во самоизолација: Мицкоски негативен на корона вирусот, Заев чека резултати

Заев се огласи од самоизолација од Струмица

Мицкоски: Ќе ги слушам препораките на здравствените работници и ќе останам во изолација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден ден по склучениот договор за извоз на жито, Украина ја обвини Русија за гранатирање на пристаништето Одеса

Редакција

Општина Аеродром бара 200 лица за јавни работи за дневница од 550 денари

Редакција

Игор Јанушев ослободен за набавката на кинеските автобуси

Редакција