еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: Над 60 години најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија

Вчера во Македонија се регистрирани 48 нови случаи на заболени од коронавирусот од 8 градови.

Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово.

“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст над 60 години (15), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 26 женски и 22 машки лица.

Хоспитализирани се 10 лица, а останатите се на домашно лекување. Испишани се 4 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.

Кај 15 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 29 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лице кое имало историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 496 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 48 или 9,7% од тестираните„, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумулативната инциденца во Куманово над 110, расте и во Скопје, Прилеп и Струга

Детален преглед: 32 починати од коронавирусот во Македонија, најмногу во Куманово

Драстичен раст: 95 здравствени работници заболени од коронавирусот во Македонија

Фото: Општина Куманово/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гласањето за Договорот од Преспа во грчкиот парламент одложено за утре

Редакција

Оставката на Заев ударна вест во Грција

Редакција

Се преслушуваат 25 снимени разговори на новото рочиште за „Монструм“

Редакција