еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе институции се вклучуваат во истражувањето на смртта на велешанката во чие што распаднато тело е откриен корона вирусот

По наодот дека починатата велешанка е позитивна на корона вирусот, која со својот син беше пронајдена мртва пред два дена, Министерството ја проширува истрагата во која се вклучуваат повеќе институции, информираат од Министерство за здравство.

„Денес во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирусот.

Што се однесува до останатите првични информации за случајот, засега се знае само дека жената била сигурно почината повеќе од една недела.

Резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови во текот на следната недела, треба да откријат во кој период таа починала. Информациите кои вчера ги пренесоа дел од медиумите дека биле починати повеќе од еден месец не се точни и се чекаат конечните анализи,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Во истрагата на овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје.

За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можно е корона вирусот да бил присутен кај нас многу порано од што се знае

Мајка и син пронајдени починати во домот во Велес

Вкупно 760 заразени со корона вирусот: Регистрирани 49 нови случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска се отвора вакцинален пункт и во поликлиниката во Шуто Оризари

Редакција

По апсењето за аферата „Рекет“: Ќе ја отклучи ли Боки 13 „Пандорината кутија“?

Редакција

Секој ден има по 300 новозаразени во државава, што значи дека вирусот се уште постои, вели Сали

Редакција