Во Македонија заклучно со податоците објавени вчера, регистрирани се 26 нови случаи на заразени со Ковид-19.
“Тестирани се вкупно 330 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 26 или 7,9% од тестираните.
Потврдените случаи се од 7 градови, а најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово, Скопје и Тетово.
Најголем дел од регистрираните случаи, по 8, се на возраст од 50 – 59 години и над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 13 машки лица.
Хоспитализирани се 7 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 11 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Вкупно 9 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лица кои имало историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат дополнителни 3 лица кои биле на домашно лекување“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај 76,4% од починатите од Ковид-19 во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби
121 здравствени работници заразени со Ковид-19 во Македонија
30,6% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми
(Табела) 38 починати од Ковид-19 во Македонија, најмногу во Куманово
Фото: Град Скопје/Табела: ИЈЗ