еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Трамп предлага инјектирање дезинфекциски средства како лек за коронавирусот, лекарите шокирани

Претседателот на САД повторно коментираше за лек против Ковид-19, но неговите коменатри експертите ги нарекоа „неодговорни и опасни“.

Поточно, Доналд Трамп сугерираше дека инјектирање средство за дезинфекција како што е изопропил алкохол во телото може да го убие коронавирусот, а исто така тој предложил и зрачење на телото на пациентот со УВ зраци, нешто што лекарот на самата прес-конференција го оспори.

Американски научници открија дека вирусот ја губи моќта побрзо кога е изложен на сонце, топлина и влажност, а истражувањето го претставија на прес-конференција. Покрај тоа, истата студија откри дека белилото може да го убие вирусот во плунка или респираторна течност во рок од пет минути, а изопропил алкохол, наводно, го сторил истото за пократко време.

Трамп истакна дека ова истражување треба да се разбере со претпазливост, а потоа рече:

– Да претпоставиме дека го удираме телото со големи УВ зраци или некое друго моќно зрачење.

Потоа се сврте кон д-р Дебора Биркс, координаторка на Белата куќа за борба со коронавирусот и додаде: „Мислам дека рековте дека сѐ уште не сте го провериле, но дека ќе тестирате“.

– Јас тогаш реков што може да се случи ако внесеме воздух во телото, што може да се направи преку кожата или на друг начин, така ти рече дека ќе го тестираш. Тогаш видов средства за дезинфекција што го уништуваат вирусот за една минута, има ли начин да се направи вакво нешто, преку инјекција или чистење? Да се ​​внесе тоа во белите дробови некако. Тоа би било интересно да се провери  – рече Трамп.

Потоа ја праша д-р Биркс за тоа дали слушнала за третман на коронавирус со топлина и воздух?

– Не како третман. Мислам, температурата е добра работа, тоа му помага на телото да одговори на болеста, но сѐ уште не сум видела третман со топлина или зрачење, заврши Биркс.

Медицинските експерти низ САД беа шокирани од предлогот на Трамп. Меѓу нив е и пулмологот д-р Вин Гупта кој за Ен-Би-Си изјави:

– Самата идеја да се инјектира каков било производ за чистење во организмот е опасна и неодговорна. Тоа е познат метод што луѓето го користат кога сакаат да се самоубијат, истакна тој.

Кашиф Махмуд, доктор од Чарлстон, Западна Вирџинија, на Твитер напиша:

„Како доктор, не можам да препорачам вбризгување средство за дезинфекција во вашите бели дробови или употреба на УВ за лекување на коронавирусот. Не слушајте ги медицинските совети на Трамп”.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов раст: 218 здравствени работници заболени со коронавирусот во Македонија

Национален рекорд: На 100 илјади жители 247,4 заболени од коронавирусот во Куманово

Со хронична и здравствена состојба, 27,5% од заболените со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораката на Атиџе одекна во Скопје, следуваат азиска и официјална европска премиера

Редакција

(Вознемирувачко видео) Масовни протести во Атина, Солун и Патра за убиството на 15-годишното момче од полицаец во 2008 година

Редакција

За првпат дојава за бомба и во скопско основно училиште

Редакција