Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1.
„Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.326.
По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје“, велат од Министерството.
Согласно ова, последната дистрибуција по градови е: Скопје – 451, Куманово – 355, Дебар – 51, Штип -34, Прилеп –131, Тетово – 69, Струга – 61, Велес – 62, Битола –18, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –14, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка -5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 1.
“Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Преку Институтот за јавно здравство –233, преку Ветеринарен факултет -12, Авицена –15, Биотек –52, Филип Втори (Жан Митрев) –76, Систина со PCR метода -16 и МАНУ – 4.
Досега во земјата се направени вкупно 14.057 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 36 пациенти, двајца на болничко и 34 на домашно лекување
Почина 80-годишен пациент, вкупната бројка на починати од корона вирусот 57
Фото: Кабинет на претседател