еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Го доведува ли во прашање кумановскиот случај тестирањето за корона вирусот?

Не стивнуваат реакциите во јавноста по случајот во Куманово каде градоначалникот и член на општинскиот кризен штаб објавија дека повторното тестирање покажало дека не се заразени од корона вирусот.

Двајцата побараа здравствените власти да ги преиспитаат резултатите за да можат да се вратат на работните обврски.

Од друга страна, министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека тестовите кои се користат во Институтот за јавно здравје се одобрени од Светската здравствена организација (СЗО) и има само претпоставки после колку време од тестирањето за оние за кои се добива позитивен резултат може пациент да се негативизира имајќи превид што не се знае колку време претходно бил носител на вирусот.

„Во конкретниот случај знаеме дека разликата помеѓу двата теста била некаде 17 – 18 дена, што со третиот тест со дополнително 10, е сосем доволен период еден пациент да се негативизира. Но, мерките се даваат за да се имплементираат и за да се почитуваат.

Тоа е суштината, зад секоја мерка има медицинска издржаност зошто тоа треба да биде така. Четиринаесет дена трае инкубацискиот период. Јас лично немам решение за изолација, но седам 14 дена заради тоа што во кој било период од тие 14 дена некој може да покаже дека е позитивен на вирусот заради тоа што трае инкубацијата“, појасни Филипче.

Сепак, јавноста со право прашува на кои тестови да им се верува со оглед на тоа што тестовите на Филипче и на премиерот Оливер Спасовски се негативни на коронавирусот, но се негативни и трите теста што ги направил градоначалникот на Куманово во приватни лаборатории.

Оваа дилема добива на тежина ако се земе предвид дека кај нас, но и во светот веќе имаше случаи привични тестови да се покажат негативни, а повторните тестови да се покажат позитивни на корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановскиот градоначалник ги оспорува првичните тестови: „Не сум заразен од корона вирусот“

Член на општинскиот кризен штаб на Куманово негативен на повторените тестирања за корона вирусот

Филипче за „чудниот случај“ во Куманово: Тестовите во Институтот за јавно здравје се одобрени од СЗО

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светската економија годинава ќе порасне за помалку од 3%, предвидува ММФ

Редакција

Мицкоски повика на мирен протест во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“

Редакција

(Галерија) Tribeca – Botanic Shop & Cafe, ново хит место во Скопје

Редакција