еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

8 од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Според последните податоци, заклучно вчера, во Македонија се регистрирани вкупно 1.442 заболени од коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 279 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 21.

Потврдените случаи се од 7 градови, од нив еден е прв случај во Делчево.

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, 8 во возрасната група на лица над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 8 женски и 13 машки лица.

Хоспитализирани се 5 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 8 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 16 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)„ стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст: 235 здравствени работници заболени од коронавирусот, оздравени 88

Кардиоваскуларна болест и дијабет, најчести претходни заболувања кај пациентите со коронавирусот во Македонија

1 лице од новопочинатите од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Фото: Град Скопје/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако Бугарите бараат промена на Уставот, тогаш и тие да го направат тоа, вели Мицкоски

Редакција

Најмногу снег на Попова Шапка, повеќе од еден метар

Редакција

(Фото) Лени Кревиц на специфичен начин и се заблагодари на скопската публика

Редакција