еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Следната недела почнува скрининг тестирање за корона вирусот кај сите критични категории

Центарот за јавно здравје во Скопје, заедно со Институтот за јавно здравје прави план за скрининг на лица за кои се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација, соопшти Министерството за здравство.

Со скринингот, кој ќе се прави со PCR тестови, како што се посочува, ќе се овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови.

„Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Кластерите по возраст и хронични болести би биле опфатени со испитувања во натамошниот период, за да се види прокуженоста на населението од овој вирус.

Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку МојТермин ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите на системот на дневна база. Брисевите ќе се земаат во постојните пунктови и ќе ги транспортираат Центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории“, информираат од Министерството.

Стратегијата на Министерството за здравство од почетокот на епидемијата, како што се нагласува, беше да се тестираат пациенти со симптоми и согласно оваа стратегија работеле целиот овој период.

„Таа даде исклучително добри резултати без да ги оптовари капацитетите за тестирање и за хоспитализација што беше наша примарна цел. Тоа што во изминатите денови имаме намален број на тестирања е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува што уште еднаш ја потврдува успешноста на досегашните чекори“, стои во соопштението.

Од Министерството категорично ги отфрлаат обвинувањата на опозицијата за намален број на тестови во политички цели и наведуваат дека тестирањето ќе продолжи по новата методологија и согласно препораките на епидемиолозите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Графикон) 44,9 години е просечната возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

Новинарот Михајловски за личната битка со корона вирусот и за загубата на татко му: Остава пустош зад себе

Народната банка очекува пад од 3,5 отсто на македонската економија поради корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец на 54 години и жена од Радовиш на 51 година починаа од Ковид-19

Редакција

732 возрасни пациенти и две деца заболени од Ковид-19 се лекуваат по болниците низ државата

Редакција

Во приватните лаборатории веќе неколку дена нема заинтересирани за тестирање за корона вирусот

Редакција