еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Плажите во Грција преполни со луѓе

Убавото време и високите температури за викендов ги преполни со луѓе плажите во Грција, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Како што коментираат тамошните медиуми, по олабавувањето на мерките, Грците масовно се релаксираат по плажите, а дел од нив не ги почитуваат мерките за социјална дистанца.

Видеата кои ги објави protothema.gr ја покажуваат атмосферата на плажите околу Атина.

Како и кога Македонците ќе можат да стигнат до грчките плажи ќе биде познато деновиве, кога се очекува грчките власти да ги објават деталите, но тоа што е сигурно е дека за летување во Грција ќе Ви треба негативен тест за коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција најверојатно влез со негативен тест за коронавирусот, стар до 72 часа

Грција во јуни ќе ги отвори границите, му кажал грчкиот колега на Филипче

Видео/фото: Proto Thema

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во јануари раст на извозот за 5%

Редакција

Ацковска Тодоровска: Државата треба да даде поголема поддршка за обуки и развој на вештини на младите

Редакција

Син на грчката обвинителка која го водеше случајот за железничката несреќа кај Темпи пронајден мртов: „Го фрлија во планините со дивите животни„

Редакција