Во потрагата по вакцина или лек против новиот коронавирус САРС –КоВ-2 научниците користат традиционални, но и помалку традиционални пристапи, анализира Дојче Веле.
Тие анализираат веќе постоечки лекови кои би можеле да се употребат и за оваа намена, како на пример лекот Ремдесивир. Тој првично е развиен за третман на ебола.
Во Германија во моментов се спроведуваат првите клинички студии за една можна вакцина против коронавирусот развиена за имунологија на карцином.
Една француска студија сугерира дека никотинот – кој најчесто се вдишува како стимуланс преку пушење и може да биде фатален – може да заштити од новиот вид на коронавирусот.
Сега од Канада доаѓа веста дека одредени супстанци во психоактивната дрога канабис исто така може да ја зголемат заштитата на клетките од коронавирусот. Доколку студијата биде верифицирана, канабисот може да дејствува на сличен начин како никотинот.
„Резултатот за Ковид произлегува од нашите студии за артритис, Кронова болест, карцином и други,“ вели д-р Игор Ковалчук, професор по природни науки на Универзитетот во Летбриџ, во писмен допис до Дојче Веле.
Целата сторија на Дојче Веле, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Во Македонија од коронавирусот заболени уште само 26 здравствени работници
Од една фамилија се 13. новозаразени со коронавирусот во Скопје
Во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес најмногу активни случаи на Ковид-19