еМагазин
Image default
Локално

Управител на кафе бар сам си издал дозвола за движење за време на полициски час

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ш.М.(35), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира МВР.

Пријавениот, во својство на управител на кафе бар, во период на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, си издал „дозвола за движење на вработен“ во која навел дека ја издава заради менаџирање на објектот, а за кој е во важност забрана за работа.

На 16.04.2020 во 23.30 часот, за време на забрана за движење, на влез во село Арачиново, пријавениот бил сопрен од полициски службеници, при што на увид ја приложил лажно изработената дозвола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар поднесе кривична пријава против управителот на кафе барот „Интермецо“

Редакција

Тешко повреден градежен работник кој работел на деловен објект

Редакција

Приведени пет работници од Турција и Кина во демиркаписко

Редакција