еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

135 лица до 19 години во Македонија заразени со коронавирусот, просечната возраст 46

Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија се регистрирани вкупно 1.723 заразени со коронавирусот.

“Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години).

Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 374 (21,7%) со инциденца од 97,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 130,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (362 заболени).

Најниска инциденца од 27,1 и 29,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 62 и 73 случаи соодветно“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), со податоци до 13. мај, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 лица од новозаразените со коронавирусот со претходни заболувања

(Фото) Како изгледаат прашалникот и изјавата за согласност за интервенција, кои ќе ги пополнуваме кај стоматолог

Нова реалност: Купена облека ќе пробуваме дома, на летување со тест за Ковид-19, на забар ќе ни мерат температура

Фото: Кабинет на претседателот/Графикон: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер не престанува: „Талат и будалите од СДСМ“

Редакција

ГТЦ со добивка во првиот квартал

Редакција

(Видео) Нов хит на Дац и Александар, “Воли ме сакај ме”, која е позадината на песната

Редакција