еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Без симптоми бил еден од новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Министерство за здравство вчера информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на 89 годишна возраст, хоспитализиран од 4 мај.

Вчера Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира и пациент од Велес на 72 годишна возраст, кој починал на 13. мај во ГОБ „8 септември“, каде бил на болничко лекување од 15. април.

Детали за новопочинатите соопшти и ИЈЗ.

“Кај еден од случаите се регистрирани присутни симптоми.

Двата случаи биле со коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.) и хоспитализирани.

Починатите немаат историја на патување надвор од државата, а претходно имале контакт со веќе потврден случај“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупниот број на починати од компликации поради коронавирусот во Македонија изнесува 97.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице позитивно на коронавирусот: Тестирани 225 вработени во градинки во Скопје и Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Трајче Пеливанов, кој е избран за виши обвинител

Редакција

Охрид под „блокада“ поради денешната средба на лидерите од Западен Балкан

Редакција

(Галерија) Разлики и сличности: И двајцата имаат по две деца, Заев и Ципрас приватно

Редакција