еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе мажи, над 60 години и со претходни заболувања: Профил на починатите од корона вирусот во Македонија

Заклучно со последните податоци, објавени вчера, во Македонија поради компликации од корона вирусот починале вкупно 112 лица.

“Регистрирани се 112 смртни случаи (Лт = 5,8%).

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=72), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 18,8/100.000 жители.

Регистрирани се 77 смртни случаи кај лица од машки и 35 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 83 (74,1%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=59), дијабет (n=22) и белодробна болест (n=21).

Девет (8,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 103 (92,0%) починале за време на хоспитализација„, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, заклучно со 21. мај, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На возраст од 40 до 59 години, најмногу од новозаразените со корона вирусот во Македонија

Вкупно 257 здравствени работници во Македонија заразени со корона вирусот, оздравени 236

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонското МНР се огради од ставовите на Ѓоргиев

Редакција

Детален преглед во Скопје: Аеродром со најмногу заболени од Ковид-19

Редакција

Пуштен во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка

Редакција