еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Јужна Америка е ново жариште на корона вирусот, расте бројот на заразени во Африка

Јужна Америка стана нов епицентар на коронавирусот, а најтешко погодена земја е Бразил, додека расте бројот на смртни случаи во некои африкански земји, кои досега немале голем број починати, објави Светската здравствена организација (СЗО).

„Пандемијата на Ковид-19 се прошири на повеќе од 100.000 луѓе во Африка. Вирусот сега се шири во секоја земја на континентот, а првиот случај беше пријавен пред 14 недели”, се вели во соопштението на СЗО.

Досега на африканскиот континент се регистрирани 3.100 смртни случаи поврзани со новиот коронавирус.

Девет африкански земји се соочени со зголемување од 50 проценти на бројот на заразени лица, додека другите земји на континентот имаат стабилен или опаѓачки број на случаи.

Експертите на СЗО додаваат дека постои веројатност оти ниската стапка на смртност во Африка е поврзана со значително пониска просечна возраст на населението отколку во другите делови на светот.

Сепак, експертите од СЗО се загрижени поради значително помалите медицински ресурси што им се достапни на африканските земји во споредба со поразвиените делови на светот, впосочувајќи дека во случај на зголемување на бројот на заразени, може значително да бидат загрозени населението и здравствените системи.

Но, ситуацијата во Јужна Америка изгледа потешка, предупредува СЗО, чии експерти велат дека властите на најтешко погодената земја – Бразил одобриле широко распространета употреба на антималарискиот лек хидроксихлорокин, иако не е клинички докажано дека лекот помага во лекување на Ковид-19 без дополнителни ризици.

Експертите на СЗО велат дека може да се каже дека Јужна Америка сега е ново жериште на вирусот во светот.

Во меѓувреме, Бразил ја претекна Русија според бројот на заразени и се наоѓа на второ место во светот, по САД, откако во таа јужноамериканска земја се потврдени вкупно 330.890 случаи.

Расте бројот на заразени и во Аргентина, каде за едно деноноќие се регистрирани 718 новозаразени или вкупно 10.649.

Во Мексико вчера беше регистриран рекорден број на смртни случаи за еден ден, кога за едно деноноќие починаа 479 лица. Вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 6.989 лица, додека вкупниот број на заразени изнесува 62.527.

На прво место според заболени од Ковид-19 во светот се уште е САД, каде вчера, за едно деноноќие беа евидентирани нови 20.522 случаи и уште 1.089 починати. Според Американскиот ценатар за контрола на болести вкупниот број на заболени во земјата изнесува 1.571.617, додека починале 94.150 пациенти.

Она што радува е што во Кина вчера не беше потврден ниту еден нов случај на коронавирусот, првпат од избувнувањето на кризата во Вухан, минатата година. Исто така, во Кина вчера немаше ниту еден смртен случај од Ковид-19.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До сега, само двајца вработени во градинките се позитивни на корона вирусот

63-годишен пациент од Скопје почина од корона вирусот, вкупната бројка до сега изнесува 113

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка: Главен фокус на Банката, силна поддршка на населението и стопанството

Редакција

Најцрниот ден: За 24 часа во Италија починаа 969 лица

Редакција

Се укинува прогресивното оданочување и нема зголемување на даноците

Редакција