Од вкупно 35 новозаболени од корона вирусот регистрирани денеска во Скопје најголем број се од општините Чаир – 11 и Студеничани – 5, велат за еМагазин од Министерството за здравство.
На листата потоа следуваат скопските општини: Гази Баба – 3, Карпош – 3 Сарај – 2, Бутел – 2, Аеродром – 2, Кисела Вода – 2 и Центар – 1.
Од Министерството појаснуваат дека за четворица од новозаразените во Скопје се во тек епидомилошки анкети, а за резултатите од окои општини се дополнително ќе информираат.
Од почетокот на епидемијата до сега во Скопје се регистрирани 876 заразени лица, а активни се 298 случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во потешка состојба 28 пациенти заболени од корона вирусот
Стружанец на 44 години и тетовец на 54 години меѓу седумте починати од корона вирусот
Најголем број од 89. новозаболени од корона вирусот во Скопје и Штип
Фото: МЗ