Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга на 56-годишна возраст примена во болницата на 21 мај како сомнителна на Ковид-19, потврдена позитивна по прием во болница, информираа вчера од Министерството за здравство.
Детали за починатата соопштија и од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
“Регистриран е еден смртен случај. Се работи за лице од Струга на возраст од 56 години.
Кај починатиот биле присутни симптоми и бил хоспитализиран на ГОБ 8-ми септември каде и починал.
Починатото лице имало пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), а е без историја на патување и контакт со потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
Вкупната бројка на починати од корона вирусот од почетокот на епидемијата до сега во Македонија е 141 лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради тие што не веруваат во корона вирусот нема ни да можеме да излеземе од Македонија
Детали за новите случаи на заразени со корона вирусот во Македонија