еМагазин
Image default
Свет

Британско министерство за здравство: 80 отсто од дијагностицираните со корона вирусот немаат симптоми

Министерството за здравство на Велика Британија соопшти дека 80 отсто од луѓето кои се позитивни на тестот за корона вирусот немаат никакви симптоми.

Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок смета дека 80 проценти од луѓето со позитивен тест не покажуваат знаци на заболување.

Националната служба за статистика на Велика Британија минатата недела соопшти дека 71 отсто од луѓето кои се позитивни на тестот немаат никакви симптоми.

Сепак, Ханкок вели дека бројот на асимптоматски случаи всушност е поголем и може да достигне 80 проценти, објави Скај њуз.

Според Ханкок, ова е едно од најважните откритија за оваа болест.

Како што е наведено, контролата на ширењето на корона вирусот е тешка, бидејќи голем број од заразените не покажуваат симптоми, но сепак можат да ги заразат другите околу себе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поплавите во Германија досега однесоа 133 животи

Редакција

Велика Британија осудена поради масовно прислушување разговори

Редакција

Над милион заразени од корона вирусот во светот, починати 51.356 лица

Редакција