еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нова уредба на Владата: Изборната кампања почнува на 24 јуни, на 15 јули ќе се гласа од 7 до 21 часот

Владата на синоќешната 68. седница ја донесе Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година, соопшти владината прес-служба.

Во Член 1 на Уредбата стои дека со неа се уредуваат прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година и се уредува примената на одредби на Изборниот законик, како и прашања за примена на одредби од други закони кои се однесуваат на изборниот процес.

На изборите за пратеници во Собранието, закажани за 15 јули 2020 година се применуваат одредбите од Изборниот законик, освен за оние дејствија за кои со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

Членот 2 од Уредбата определува дека дејствијата за спроведување на изборите за пратеници, распишани со Решението за распишување на предвремени избори не се спроведуваат за време на вонредната состојба, освен ако со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

Спроведувањето на останатите изборни дејствија, кои не беа спроведени до стапувањето во сила на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес ќе продолжи од денот на престанок на вонредната состојба, освен ако со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

Сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите на Изборниот законик и Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите до денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила се сметаат за важечки.

Во Член 3 се утврдува дека Државната изборна комисија во рок од еден ден од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила објавува на својата веб-страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија согласно одредбите на Изборниот законик и оваа уредба со законска сила.

Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, Државната изборна комисија ги презема и извршува сите технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик и оваа уредба со законска сила.

Членот 4 уредува дека Министерството за внатрешни работи во рок од еден ден од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, е должно да ги достави до Државната изборна комисија податоците од членот 43 ставот 6 на Изборниот законик и тоа листа на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или патна исправа по било кој основ и истите ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите.

Државната изборна комисија податоците за овие лица ги впишува во избирачкиот список по службена должност.

Основните судови и Управата за водење на матичните книги, во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, се должни да ги достават до Државната изборна комисија податоците за граѓаните согласно членот 43 ставовите 2 и 3 од Изборниот законик, заклучно со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.

Органот надлежен за извршување на санкциите во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила е должен да ги достави до Државната изборна комисија податоците за граѓаните согласно член 44 став 1 од Изборниот законик, заклучно со денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила.

Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, Државната изборна комисија и Државниот завод за статистика се должни да ги продолжат дејствијата за ажурирање на избирачкиот список прекинати на 21 март 2020 година, од моментот на нивниот прекин, согласно одредбите на оваа уредба.

Уредбата во Членот 5 определува дека изборната кампања за изборите за пратеници во Собранието започнува на 24 јуни 2020 година и трае 20 дена.

Државната изборна комисија изборниот материјал го предава на општинските изборни комисии најдоцна во рок од 96 часа пред денот на одржување на изборите.

Членот 6 утврдува дека гласањето на 15 јули 2020 започнува во 07:00 часот и трае непрекинато до 21:00 часот.

Времето за преземање или забрана за преземање на определените дејствија согласно одредбите од членот 77 став 3, членот 101 став 2 и 3 и членот 102 ставот 1 од Изборниот законик наместо 19:00 часот ќе биде 21:00 часот.

Членот 7 од Уредбата определува дека за време на изборната кампања, радиодифузерите кои ги покриваат изборите можат да емитуваат вкупно 14 минути дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои за двете најголеми политички партии од власта кои на последните избори за пратеници во Собранието освоиле најмногу гласови можат да се одвојат најмногу шест минути, за двете најголеми партии во опозиција кои на последните избори за пратеници во Собранието освоиле најмногу гласови можат да се одвојат најмногу шест минути, за политичките партии во Собранието кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група и за политичките партии кои не се застапени во Собранието и за независни кандидати можат да се одвојат најмногу две минути.

Во Член 8 се задолжува Министерството за здравство, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, обезбедува заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски донесе нова одлука за вонредна состојба од 8 дена

Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули

ОБСЕ/ОДИХР ги почна подготовките за мониторинг на изборите на 5 јули

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 398 заболени од Ковид-19

Редакција

Во пописот ќе има и етничка графа, договориле Заев и Ахмети

Редакција

Министерството за труд и социјална политика склучи договор со “Урбан план конструктион УПЦ“ вреден 798,4 илијади евра

Редакција