Центарот за јавно здравје Куманово, во последниве 24 часа регистрира петмина новозаболени од Ковид-19. Три лица се од Куманово, две лица се од Липково. Денеска e регистран и еден починат пациент од општина Липково.
„Позитивните од Липково се двајца здравствени работници, медицинска сестра од инфективно одделение од општата болница и лаборант во Здравствен дом Куманово, изјави директорот на Центарот за јавно здравје“, доктор Ариф Љатифи.
Регистрирани се и 23 оздравени лица, од кои осум се од Куманово, петнаесет од Липково. Денеска, според податоците на јавната здравствена установа извршени се 52 тестирања, од нив 13 се контролни тестови.
МИА/Фото: Општина Куманово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Кичево два нови случаи со корона вирусот
Убава вест: Оздравени 34 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.757
Вкупно 201: Од корона вирусот починаа уште осум пациенти
Нови 134 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 97