еМагазин
Image default
Техно

Утринско кафе со поглед на делата на Тинторето и Веласкез

Дали знаевте дека музејот Викторија и Алберт во Лондон чува повеќе од 2.7 милиони предмети? Отприлика ист број на посетители секоја година поминуваат низ вратата на музејот Прадо во Мадрид.

Човекот уште од минатото создавал и се опкружувал себеси со уметност и со предмети чија основна цел е да го разубавуваат животниот простор. Одењето во музеј е само еден од начините на кои, барем за момент, може да се постигне тоа чувство на единство со врвно уметничко дело, кое буди инспирација.

Меѓутоа, замислете дека е можно тоа чувство да го доживувате секој ден, од својата дневна соба. Замислете дека пиете утринско кафе гледајќи во ремек-делата на Тинторето, Хиеронимус Бош или Веласкез на сопствениот ѕид.

Сега тоа е можно благодарејќи на уметничкиот режим на телевизорот The Frame и соработката со некој од светските музеи и галерии, кои одлучија да одат во чекор со времето и своите дела да ги направат достапни и во дигитален формат.

Како дојде до соработка со Samsung Art продавницата?

Amelia Calver, Музеј Викторија и Алберт (понатаму во текстот V&A) – Нашиот музеј креираше специјална V&A колекција за The Frame телевизорите пред две години, во склад со нашиот основен принцип – уметноста да биде достапна, да едуцира, инспирира, како и да биде одраз на иновација и креативност.

Cristina Alovisetti, Музеј Прадо: Samsung и Прадо се партнери долги години, од 2013. Нашата заедничка цел е да ја направиме уметноста достапна на широката јавност со помош на технологијата, креирајќи повеќе можности за луѓе кои сакаат да уживаат во неа во секоја ситуација.

Што најмногу ве фасцинира во врска со The Frame телевизорот?

V&A: Музејот Викторија и Алберт е еден од водечките музеи во светот, со повеќе од 2.7 милиони изложбени предмети – од садови и мебел, преку фотографии и дигитален дизајн, до мода и применета уметност, а концептот на The Frame телевизорот веднаш нѐ воодушеви. Начинот на кој е дизајниран, да се вклопи во просторот без грешка и да изгледа подеднакво совршено кога е исклучен и вклучен, е пример за исклучителна генијалност и фантазија.

Во која мера филозофијата на уметноста на Art Store се совпаѓа со онаа која што вие ја негувате во музејот?  

Прадо: Музејот Прадо вложува големи напори во ширење на знаењето преку својот веб сајт и преку богатите содржини кои се наоѓаат на истиот. Во момент кога е невозможно во живо да се доживеат уметничките дела, квалитетот на дигиталната слика станува приоритет, бидејќи и најмалите детали можат да обезбедат поинаква перспектива.

Колку е важно уметноста да биде присутна во секојдневниот живот?

V&A: Уметноста и дизајнот дефинитивно станаа неизбежен дел од секој дом и секојдневниот живот на луѓето. Ние природно и често несвесно реагираме на она што нѐ опкружува. Затоа, многу е важно да се знае и прифати таа емоционална страна на уметноста и дизајнот, со цел создавање преубави и инспиративни искуства.

Кои дела од вашиот музеј ќе бидат дел од колекцијата наменета за Samsung Art продавницата?

Прадо: Од самиот почеток внимателно ги избиравме уметничките дела и начинот на кој тие ќе бидат претставени. Оваа специјална колекција се протега низ повеќе векови и различни стилови – од легендарни ремек-дела до помалку познати, но подеднакво вредни дела. Некои од нив се Градината за уживање на Хиеронимус Бош, Поглед на градината на вилата Медичи на Веласкез, бројни пејзажи, мртва природа и портрети.

V&A: Пред сè би ги издвоила вонвременските дела по кои нашиот музеј е познат во светот, како делата на Вилијам Морис, Кацушика Хокусаи и Волтер Крејн. Исто така, тука се и некои нови и релативно непознати имиња од светот на дизајнот на кои дефинитивно треба да се обрне внимание, бидејќи ќе ги слушаме сѐ почесто во времињата кои доаѓаат.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самсунг започна со масовн производство на првиот индустриски mobile-DRAM за премиум смартфони

Редакција

ФитКит, прва македонска апликација за вежбачи

Редакција

Конференција за дигитализација на АмЧам: Усогласување помеѓу јавниот и приватниот сектор за сигурна дигитална иднина

Редакција