Од новите 19 случаи со Ковид-19 во тетовскиот регион, 13 се од општина Тетово, двајца се од општината Боговиње и по еден од општините Желино, Јегуновце, Теарце и Брвеница, информираа денеска од тетовскиот Центар за јавно здравје.
Состанок денеска одржа Кризниот штаб при општина Тетово од каде инфомираат дека во Тетовската клиничка болница има 12 пациенти кои се на кислородна поддршка.
–Клиничката болница од Тетово не информира дека оваа институција ги поседува сите инфраструктурни и човечки капацитети за успешно справување со состојбата и зголемениот број пациенти со Ковид-19, соопштија денеска од опшината Тетово.
Според евиденцијата на штабот, вкупниот број дијагностицирани со Ковид-19 во тетовскиот регион е 680. Од нив досега се излекувале 244 лица, а 46 починале, а бројот на активни случаи во Тетово и пет околни општини е 390.
МИА/Фото: Општина Тетово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новозаразени со Ковид-19 од скопјанец, кој дошол на гости во Штип
Чаир недостижен: Детален преглед на заразени со Ковид-19 по скопските општини
Нов црн рекорд: 12 починати од корона вирусот, петорица од Скопје