На Јутјуб, корисник под псевдонимот „Обнова на режимот“ објави две нови „бомби“.
Станува збор за наводни телефонски разговори на актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во третата изборна единица, Игор Јанушев, и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Во една од „бомбите“ наводно Јанушев упатува закани кон извесни Даниела и Ратко.
„Таа Даниела и тој Ратко, жими се, слушај ми го зборот, нека помине денот, утре ќе ги убијам“, вели наводно Јанушев во разговорот со Јанакиески, за одредени лап-топи кои треба да бидат однесени.
Во втората аудио снимка се слушаат разговори за списоци на гласачи.
Снимките, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Аудио) Две нови „бомби“ со Заев: „Сам го финансирам СДСМ, Бранко нема никакво влијание“
(Аудио) „Пукнаа“ „бомби“ и за Игор Јанушев и Миле Јанакиески
Зоран Милески-Кичеец дал изјава во полициска станица за сите „бомби„