еМагазин
Image default
Македонија

Откако беше затворена поради вработен позитивен на Ковид-19, Општина Радовиш повторно отворена

Од денеска вратите на општина Радовиш повторно се отворени, откако во петокот зградата беше затворена заради позитивен тест на Ковид-19 на еден вработен.

-За време на викендот е извршена дезинфекција на сите простории. И утре по завршувањето на работното време повторно ќе се дезинфекцира. Покрај едниот вработен, кој е позитивен на корона вирусот, имаме уште десет вработени во самоизолација.

Општината работи нормално и се надевам дека така ќе остане, изјави градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот „влезе“ во Домот за стари лица во Радовиш

Корона вирусот ја затвори Општина Радовиш

МИА/Фото: Општина Радовиш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот пратеник и лидер на “Преродба“, Костадинов повторно изјави дека „Македонија е бугарска“

Редакција

Обвинителството отвори предистражна постапка за протекување на материјал од посебни истражни мерки

Редакција

Нема одговорност за Мицкоски, Обвинителството за „Боемска“ бара парични казни за објектот, сопственичката и вработениот

Редакција