Заради зголемувањето на бројките на новоинфицирани во гостиварскиот регион потребно е да се спроведат активности за доследно почитување на мерките за заштита од корона вирусот. Наскоро треба да започне и дезинфекција на јавните површини.
Ова беа поглавните заклучоци на кризниот штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше. Во трите општини според последните бројки има близу 230 активни случаи од кои дваесетина се третираат во болнички услови.
Меѓуопштинскиот кризен штаб за општините на 23. состанок ја разгледуваше состојбата со коронавирусот за изминатава недела и беа споделувани информации. Претставниците на институциите кои членувааат во штабот, констатираа дека има пораст на новозаразени и споредено со минатата недела има осумдесетина нови случаи.
– Состојбата на подрачјето и натаму е сериозна. До денес, има активни случаи 227 од кои 179 во Гостивар, 43 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше.
Институциите кои се вклучени во кризниот штаб да влијаат врз граѓаните во доследно почитување на мерките за заштита и препораките на здравствените власти. Потребно е да се води и поголема сметка како на личната, така и на колективната.
Зголемиот број на новоинфицирани доаѓа од непочитувањето на препораките. Важно е граѓаните кои се позитивни на Ковид-19 да даваат точни податоци во епидемиолошките анкети и да покажат повисока свест, рече Ваљбон Лимани од кризниот штаб.
Од ЈП „Комуналец“ истакнаа дека во моментов не спроведуваат дезинфекција на јавни површини и колективни згради, заради недостиг на средства и дека е неопходно таа да се интензивира во наредниов период. Барањето ќе биде разгледано на состанок на локалните власти за да се најде соодветно решение.
Во моментов во гостиварско има 144 лица во изолација кои имале позитивни тестови или се асимптоматски.
Според статистиката на здравствените власти, од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 387 случаи од кои во општина Гостивар 287, Врапчиште 87, а во Маврово Ростуше 13 случаи.
Направени се 1.365 тестирања. Во трите гостиварски општини досега како последица од Ковид-19 починале 24 лица, најмногу во Гостивар 17, Врапчиште – шест и едно во Маврово и Ростуше.
Од Штабот упатија апел до земјоделците да ги доставуваат податоците за субвенции по електронски пат или со јавување по телефон, бидејќи како што кажа претставникот на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заради просторните услови не се во можност да ја одржат пропишаната раздалеченост со што се зголемува ризикот од ширење на вирусот.
МИА/Фото: Општина Гостивар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четворица новозаразени, еден оздравен и еден починат од Ковид-19 во Кичево
Новите заразени со Ковид-19 во Кавадарци се на возраст од 16 до 31 година
10 новозаболени од Ковид 19 во Куманово, еден во Липково