еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петмина патници од нов лет Скопје-Турку позитивни на Ковид-19

Петмина од 146 патници кои во вторникот вечерта со авион на Визер од Скопје пристигнаа во финскиот град Турку се позитивни на Ковид-19.

Мико Пиетила, шеф на регионалната болница на југозападна Финска, соопшти дека двајца од заразените се фински државјани, а тројца се по потекло од Балканот кои живеат во Финска.

Тој информира дека сите петмина се хоспитализирани, но не посочи детали за нивната здравствена состојба.

Тестирани биле 129 патници од авионот, а 17 одбиле да направат тест.

Локалните власти во Турку во вторникот соопштија дека сите патници од летот од Скопје се ставени во карантин и ќе бидат тестирани. Најавија дека надлежните институции ќе контролираат дали карантинот се почитува, а за негово евентуално прекршување се предвидени казни.

Претходно, финските власти соопштија дека од 157 патници кои во саботата со авион од Скопје пристигнаа во Турку, по направените тестирања, 26 биле позитивни на Ковид-19.

Трисетина патници од саботниот лет се жители на Турку, а најголем дел од останатите се од регионот Усимаа и други делови на Финска.

Иако нема официјална информација за идентитетот и националноста на заразените, финските медиуми пренесуваат дека десетина се жители на Турку.

Македонското Министерство за здравство соопшти дека според информациите на службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција, повеќето од 157-те патници во авионот се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани.

Најголем дел патувале со косовски пасош (95 лица), со фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Станува збор за патници, иселеници, кои доаѓаат во Македонија или транзирираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Ниту еден од патниците не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест.

Сепак, МНР преку Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, ја побара листата со имиња на патниците кај кои било констатирано присуство на вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека по анализа на сите информации ќе биде одлучено дали во иднина ќе се бараат ПЦР тестови за граѓаните на соседните држави кои само транзитираат низ земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странците и понатаму може да транзитираат низ државата без ПЦР тестови

Веста за авионот од Скопје кој слета во Финска со 24 позитивни лица со Ковид-19 ја обиколи Европа

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајката на Мицкоски позитивна на корона вирусот

Редакција

Каков имот пријавил Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, кој подари комбе на џамија во Арачиново

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 55 лица, приведени 42

Редакција