Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 17 до 23 август покажуваат дека во Македонија за една недела поради компликации од Ковид-19 починале 19 лица.
“Пријавени се 19 смртни случаи од 6 градови, сите на возраст над 60 години, зголемување од 11,8% во однос на минатата недела.
Од нив, 16 биле хоспитализирани, а 3 случаи починале во вонболнички услови.
Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
29,8% од новозаразените со Ковид-19 со претходни заболувања
29 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.