еМагазин
Image default
Локално

Скопјанка ги пријавила синот и сопругот за вознемирување, полицијата ги привела

Четириесет и две годишна жена од Скопје која времено престојувала во Тетово ги пријавила синот и сопругот за повеќекратно вознемирување. Тие дошле до домот на жената во Тетово и се заканувале, а потоа двајцата се приведени.

„Вчера во 22 часот и 50 минути, 42-годишна скопјанка со времено престојувалиште во Тетово, во СВР Tетово пријавила дека нејзиниот 50-годишен сопруг и 19-годишен син, во текот на денот неколку пати ја вознемирувале во домот и и се заканувале по животот.

Двајцата пријавени лишени се од слобода на улица „ЈНА“ во Тетово и задржани се во Полициската станица Тетово“, информираше денеска СВР Тетово.

Полициските службеници ќе ја продолжат работата за расчистување и документирање на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник и 21-годишник го убиле 14-годишното момче во Прилеп

Редакција

Кривична пријава за повикување на насилство преку Фејсбук

Редакција

Тешко повредена жена од Гостивар по удар на возило

Редакција