Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е и претседател на Комисијата за надворешна политика, смета дека Собранието треба да расправа за бугарскиот меморандум кој се однесува на македонските европски интеграции и притоа да се изгради став.
Милошоски ќе се обиде да го отвори прашањето, но се сомнева дека власта нема да го прифати барањето.
За него е неприфатливо државен јазик да биде предмет на преговори во рамките на Европската унија и бугарските позиции ги смета за неевропски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарите со се повисоки „ниски удари“: Македонски јазик не постоел до втори август 1944 година
МИА/Фото: Фејсбук/Милошоски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.