еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: „Синеплекс“ ги објави новите правила за гледање филм во кино

Откако Владата одлучи да се отворат кината, театрите и другите институции од културата, „Синеплекс“ најави дека денеска ќе ги отвори кино салите.

На веб-сајтот на „Синеплекс“ се објавени новите мерки и правила за гледање филм во нивните кино сали.

Што прави Синеплекс:

– Распоредот на седење во салите е изменет и подразбира задолжителна дистанца од 1,5 метри односно преку 2 седишта.

– Внимателно го планираме почетокот на секој филм за да обезбедиме минимален контакт меѓу посетителите во фоаје.

– Спроведуваме зачестена дезинфекција на просторот.

– Нашите вработени задолжително носат заштитни маски.

– Обезбедивме диспензер за дезинфекција на влезот во киното како и пред влезовите кон салите.

– Спроведовме обука на вработените.

– Обележавме место во редот за чекање за да се одржи физичката дистанца од 1,5 метри.

Што може да направат посетителите:

– Плаќајте бесконтактно на благајните во кино.

– Регистрација при купување билети.

– Носете свои заштитни маски во фоаје, тоалети и при гледање филм.

– Придржувајте се кон дистанцата од 1,5 метри.

– Одржувајте хигиена и користете ги средствата за дезинфекција.

– Ве молиме останете дома доколку не се чувствувате добро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани

Фото: Скопје сити мол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонците се Бугари, Македонија е бугарска„: Како на социјалните мрежи во Бугарија се шири говор на омраза

Редакција

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

Редакција

Татко и деветгодишен син убиени во Слупчане

Редакција