еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Поранешната министерка Нина Ангеловска „не се сврте дома“ откако ја напушти Владата

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска се чини дека ужива во слободата од обврските во Владата. Таа деновиве беше во Белград, па во Виена каде што учествуваше како говорник на конференции.

„Имав прилика да зборувам на конференција во Виена “Women’s Excellence Circle-Austria Connects with SEE” организиранa од Southeast Europe Business Development Network (SEEBDN).

На панелот насловен “Интернационално лидерство и одговорности” зборував за лидерство во време на криза, разликите во лидерството во приватен и јавен сектор како и за справувањето со ковид-кризата, дигитализацијата, соработката со ЕУ…

Иако лидерство во јавен и приватен сектор е фундаментално различно, како и лидерство во време на криза, неколку клучни карактеристики кои би ги издвоила се:

Брзина пред прецизност. Работите се менуваат многу брзо, апсорбирањето на информации и способноста за брзо расудување и носење одлуки е клучна. Храбра адаптација на секоја ситуација. Особено во време на ковид-криза чија главна одлика е непредвидливоста. Преземање одговорност. Редовна и јасна комуникација.

Ми беше задоволство што имав прилика да запознаам исклучително квалитетни жени. Во Австрија 45% од компаниите се основани од жени, а една од три е водена од жена. WB регионот има уште многу работа…“, напиша на својот Инстаграм профил Ангеловска.

Претходнo, таа информира дека после многу онлајн состаноци и конференции, присуствувала физички на „Innovation Week Belgrade“, организиран од AFA – All For All – српска организација посветена на економско зајакнување на жените и нивна афирмација.

„На панелот “Developing innovative and inclusive regional ecosystem” разговаравме за важноста на регионалната, но и меѓу-генерациската соработка која е клучна за развој базиран на иновации. Во фокусот беше и инклузивноста како и е-трговијата која има голем потенцијал за земјите од регионот кој треба да се искористи, а уште повеќе во време на ковид.

Соработката помеѓу генерациите денес е поважна од било кога. Повозрасните генерации имаат искуство, а младите се драјвер на иновациите. Сепак возраста сама по себе на е репер за искуството, знаењето и вештините. Предизвиците на денешниот свет бараат нови начини на размислување и нови сетови на вештини, затоа способноста за брзо учење и адаптирање е клучна“, напиша Ангеловска.

Фото:Инстаграм/Нина Ангеловска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО предупредува: Предвременото укинување на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата

Редакција

Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани од 14 јануари

Редакција

„Некстсенс“ го доби тендерот на „Градски паркинг-Скопје“ за одржување на системот за зонско паркирање вреден 345.000 евра

Редакција