еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тест, предложи Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите, велат од Министерството.

Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање, велат од таму.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се тргне „македонско“ од државјанството: Што бара Касами од Заев

Редакција

Уставните судии поделени: Ќе падне ли Законот за амнестија?

Редакција

Водостопанство вработува 13 лица, плата до 19.000 денари

Редакција