Микробиологот и професор на Медицински факултет, Никола Пановски на пост на Фејсбук, во коментар дава објаснување што е заболен, а што заразен со Ковид-19.
За да стане појасно неговиот коментар го пренесуваме во целост.
„Било кој учебник по микробиологија во поглавје Инфекција и заразна болест пишува: контаминација, колонизација, инфекција и заразна болест. За болест треба клиничка слика.
Ако е инапарентна инфекција (без симптоми), треба реакција на организмот кон причинителот (леукоцити, ЦРП, антитела). При контаминација и колонизација нема реакција на организмот.
Ешерихија коли е супер пример. Ако е најдена во мал број во урината тоа е контаминација. Најдена е во над еден милион во еден милилитар во седиментот на урина нема леукоцити, нема симптоми тоа е колонизација. Ако има маса леукоцити и изолирана бактерија тоа е инфекција без симптоми, и на крај ако има симптоми изолирана бактерија во на милион на милилитри и маса леукоцити, тоа е болест.
Значи и при контаминација и при колонизација и при инфекција изолираме Ешерихија коли, но само при болест или инфекција соопштуваме позитивен резултат.
Кај Ковид-19 само еден брис од носот и се пишува заболен, а може да е контаминација, колонизација или инфекција. Нонсенс. Нас така не учеле, ние така ги учиме студентите и сега треба да се докажуваме дали РНК на овој вирус во носот е болест.
Дали Ешерихија коли во урина е болест. Може да е, може да не е. Треба клинички преглед, други тестови, итн. Од каде Ковид-19 испадна исклучок? Заболени, па оздравени. Ниту заболеле, а нормално ниту оздравеле, само имале позитивен наод во носот и толку.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Телма