Инфективното одделение во штипската Клиничка болница е исполнето до последниот кревет.
Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека во моментов на Одделението се хоспитализирани 55 пациенти, од речиси сите општини од источниот регион на земјава.
– Почнавме со препраќање на пациентите во кочанската болница, бидејќи кај нас нема слободни болнички кревети. Може да се случи, во текот на овие денови и пациенти од Штип да бидат испратени на болничко лекување во болницата во Кочани, изјави Ѓеорѓијев.
Тој истакна дека 10 пациенти инфицирани со коронавирусот се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во струмичката болница нема повеќе кревети за болни од Ковид-19
Хоспитализирани само 7,3% од новозаразените со Ковид-19
Во Општата болница во Кочани отворено Ковид одделение, згрижени првите пациенти
МИА/Фото: МЗ