еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски позитивен на Ковид-19

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски е позитивен на Ковид-19, соопшти тој на Фејсбук.

“Вчера доцна вечерта добив позитивен тест на Ковид-19. Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски.

Благодарам за грижата на семејството, матичната лекарка, како и огромниот број пријатели кои се нудат за помош во овие моменти.

Истовремено, би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено, бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти.

Како и секој пат кога се појавило сомнеж, а според препорака на епидемиолозите ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање на мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано.

Поддршка за сите кои во моментов се борат со вирусот. Ќе успееме заедно!

Сите други чувајте се и останете во добро здравје!„, напиша тој.

Фото: Фејсбук/Деспотовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот на ДУИ, Зибери е хоспитализиран на Инфективна клиника

Редакција

Водич за здрав Велигденски пост со Виталиа

Редакција

(Галерија) Кој присуствуваше на приемот на Американската амбасада по повод Денот на независноста

Редакција