еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот министер Каракачанов: Ние не брзаме, тие 28 години спореа со Грција

Република Северна Македонија не е подготвена да започне преговори за членство со ЕУ, затоа што Владата во Скопје повеќе од три години се обидува да не го спроведува Договорот со Бугарија, изјави бугарскиот вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Според него, не е постигнат напредок во ниту една од точките на овој Договор, потпишан на 1 август 2017 година.

– Не можам да разберам зошто некои надворешни набљудувачи ги мешаат работите. Бугарија не аплицира за членство. Бугарија е земја членка, Македонија аплицира за членство во ЕУ и треба да биде јасно дека обврските што ги презеде со склучените договори, како што е Договорот од Скопје од 1 август 2017 година, мора да ги почитува.

Во Македонија, сепак, се чини дека постои и продолжува да постои идејата дека некој ќе ја притисне Бугарија во последен момент и дека Бугарија ќе потклекне, изјави Каракачанов во интервју за емисијата „Брисел 1“ на АВ ТВ.

Како што пренесе БГНЕС, тој признава дека постојат обиди Бугарија „да биде убедена на еден или друг начин“ за да попушти, но според него, таа ги брани своите национални интерес.

Според Каракачанов, земјава сега кога е кандидат за членство се „однесува агресивно“, покажувајќи „очигледни претензии кон Бугарија – за малцинство, кражба на историјата, говор на омраза кон Бугарија“.

– Замислете си го Скопје утре во ЕУ – кој ќе има добивка од тоа? Бугарија дефинитивно ќе изгуби ако има сосед како Македонија, која е членка на НАТО и ЕУ и која има таков тон и однесување, вели Каракачанов.

Во врска со неговиот предлог за склучување на Анекс на Договорот за добрососедство од 2017 година, Каракачанов вели дека мора да постои пишан документ, бидејќи, како што нагласува, тој „не верува во изјавите на скопските политичари“.

– Ако ги оставиме сега, тие утре повторно ќе ни мавтаат со овие тврдења. И тогаш како членка на ЕУ, ќе создадат сериозен проблем, тврди Каракачанов.

Тој предвидува дека бугарското вето за преговарачката рамка ќе претставува „студен туш“ за земјава.

– Се надевам дека овој студен туш ќе ги натера да ги напуштат илузиите, да се свестат и да седнеме на маса и со искрен дијалог како луѓе кои имаат заедничка историја и зборуваат на истиот јазик.

Очекувам да биде така. Ако не – нема проблем, ние не брзаме. Тие 28 години спореа со Грција. Ние сме подготвени за толку долг разговор, изјави Каракачанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во членот 2 од Договорот за добрососедство кој Бугарија го прекрши со ветото за преговарачката рамка

Димитров: Бугарија ни должи разбирање за нашето достоинство и македонскиот идентитет

МИА/Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се меша ли Османи во внатрешните работи на Бугарија со проверката за тоа кој стоел зад македонскиот клуб во Благоевград?

Редакција

Убава вест: 375 оздравени од Ковид-19

Редакција

Сандра Дејановска Крастев има редок тип на рак, потребни се средства за лекување во Турција

Редакција