еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ковид-19 ја намали добивката на големите градежници, „Фабрика Карпош“ исклучок со зголемување од 666 отсто

Двете најголеми градежни компании во Македонија, скопски „Бетон“ и „Гранит“ ја почувствуваа кризата предизвикана од Ковид-19 остварувајќи намалени добивки во периодот јануари-спетември годинава.

Од градежните компании што котираат на берзата „Фабрика Карпош“ оствари значително зголемување на добивката.

„Бетон“ АД Скопје во периодот јануари-септември годинава оствари добивка од 4.088.000 денари, што е намалување од -72,27 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката изнесувала 14.744.000 денари.

„Гранит“ АД Скопје заклучно со септември оствари добивка од 108.037.169 денари, што е намалување од -53,64 отсто во однос на истиот период, минатата година кога добивката изнесувала 233.064.000 денари.

Од друга страна, „Фабрика Карпош“ АД Скопје оствари добивка од 16.650.000 денари, што е зголемување од 666,57 отсто во однос на периодот јануари-септември, минатата година кога добивката на компанијата изнесувала 2.172.000 денари.

Фото: Бетон/Гранит/Фабрика Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Максим Димитриевски ќе се трка за градоначалник на Куманово како независен, не очекува да биде исклучен од СДСМ

Редакција

ДУИ ги утврди носителите на листите за шесте изборни единици

Редакција

Објавени имиња на маркети кои продавале по повисоки цени

Редакција