еМагазин
Македонија

Нови 53 случаи на Ковид-19 и едно починато лице во тиквешкиот регион

Нови тројца здравствени работници се позитивни на коронавирусот во Кавадарци, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Починат е и еден росоманец позитивен на Ковид-19, на 83 годишна возраст.

Центарот за јавно здравје во Кавадарци регистрира нови 53 заболени во последните 24 часа.

Од нив 33 се од Кавадарци, пет се од Росоман, 14 од Неготино и едно лице од Демир Капија.

Сите се на возраст од 20 до 79 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката за одбрана Петровска во дводневна посета на Бугарија

Редакција

Арбер Исаку избран за заменик претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

СДСМ почнала постапка за исклучување на градоначалникот на Ново Село, Стојчев од партијата

Редакција