еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Во пожар изгоре поголем дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица

Пожарот, кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е изгаснат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици.

Од тоа што може да се забележи на местото на пожарот, изгорени се повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар.

МИА утрово затекна купишта изгорен материјал, стока, вода на сите страни, а местото го обезбедува екипа на ТППЕ Струмица, која внимава да не дојде до нов пожар и интервенира на местата каде се појавуваат пламени јазици.

Неколкумина сопственици на продавници и тезги само немо гледаа во објектот и не беа расположени да дават изјави.

Синоќа местото на пожарот беше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој рече дека материјалната штета е голема, а за среќа нема повредени.

Според него, синоќа во гаснењето учествувале и противпожарни екипи од околните градови и возила на ЈПКД „Комуналец“.

-Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра, рече сопственик на бутик.

Засега не се знаат причините за пожарот.

МИА/Фото: МИА/Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прегреан кабел на дефибрилатор причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, велат од Обвинителство

Редакција

Македонија засега нема да дава ваучери за тие што ќе се вакцинираат, по примерот во Србија

Редакција

Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници

Редакција