еМагазин
Свет

Меркел: Виновник за насилствата е Трамп

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека виновник за упадот на демонстрантите во американскиот Конгрес е Доналд Трамп, кој не го призна поразот на претседателските избори.

– Сите вчера го видовме вознемирувачкиот упад во американскиот Конгрес и тие слики ме разлутија и растажија. Жалам што претседателот Трамп не го призна поразот во ноември минатата години, ниту тоа го направи вчера, истакна Меркел на состанок со германските конзервативци.

Tаа приврзаниците на Трамп, кои упаднаа во Конгресот ги нарече „напаѓачи“.

Четри лица загинаа, а 52 се упасени откако приврзаниците на Трамп вчера упаднаа во Конгресот за да ја спречат потврдата на победата на Бајден.

Конгресот денеска ја потврди победата на Бајден на претседателските избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското сценарио од 27 април во Конгресот на САД: Светот „вџашен“ од почетокот на 2021 година

Бајден го повика Трамп да отстапи, претседателот ги повика демонстраните да си одат дома

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Престана истекувањето гас од „Северен тек 2“

Редакција

За првпат во историјата на САД: Обвинение за Трамп за случајот со исплата на мито за порно актерката Дениелс  

Редакција

Руските вооружени сили извршија ракетен напад врз градот Љуботин во североисточниот дел на регионот Харков

Редакција