еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Се поголем број на девојчиња се вакцинираат против ХПВ со што се превенира рак на грло на матка

Министерството за здравство секоја година изготвува посебна Програма за рана детекција на малигни заболувања, во која е предвидено спроведување бесплатен скрининг за рано откривање на ракот на грлото на матката, со кој во период од три години се опфатени жени на возраст од 24-61 година, односно следните возразни групи: 24-35 години, 36-45 години, и 46-61 година, соопштуваат од таму.

„Во рамки на организираниот скрининг годишно се испраќаат во просек околу 53.000 покани, а процентот нa жени кои примиле покана изнесува околу 88,3%.

Од нив, околу 60% жени се тестираат со ПАП тест или во просек годишно се прават по 24.000 ПАП тестирања, при што се откриваат брисеви со околу 10% епителни клеточни абнормалности во вкупно цитолошки анализираните брисеви или во просек по 2.400 брисеви годишно се со позитивни наоди.

Од аспект на зајакнување на превенцијата од ова заболување, во 2019 година го осовременивме Календарот за имунизација со тоа што обезбедивме четиривалентна ХПВ вакцина, со која се замени дотогаш користената двовалентна вакцина.

Оваа вакцина штити од 4 опасни типови на хуман папилома вирусот. Покрај превенција од предмалигни генитални лезии, предмалигни анални лезии, канцери на грлото на матката и анални канцери, дополнително превенира и генитални брадавци.

Токму во 2019 година е зголемен опфатот со вакцинација со оваа вакцина во споредба со претходните години,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од рак на грло на матка, годишно умираат од 30 до 40 жени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И во лето може да се садат растенија и уредуваат дворови? И да се добијат награди

Редакција

Во пожарот во ковид-центарот во Тетово, почина и здравствениот работник Ферди Шакири

Редакција

Пановски: Заштитени се оние што го прележале делта сојот и што се вакцинирани со трета доза

Редакција