Секторот за односи со јавност при СВР – Битола информира дека во текот на вчерашниот ден во битолската полиција, грчки државјанин пријавил дека е украдено неговото патничко возило „Фолксваген голф 7“.
Возилото на Г.И. (31 г.) државјанин на Република Грција е одземено на булеварот „1. Мај“ во Битола.
-Станува збор за патничко возило до швајцарски национални ознаки, а полициски службеници презедоа мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР – Битола.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.