еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Булингот прикажан во сликовницата „Денес ти нема да играш“ во суштина е апел за помош

Сликовницата „Денес ти нема да играш“ од шпанската авторка Пилар Серано и илустраторот Канизалес, во која фокусот е на булингот, беше промовирана вчера, онлајн на фејсбук-страницата „Литература.мк“.

Со цел да се даде поголемо значење на овој проблем кој во светски рамки, како и во Македонија, станува сè поголем и на кој се става сè поголем акцент, разговорот го водеше уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Татјана Димовска-Атанасова со психологот Христина Стефановска.

Ова дело е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е достапно во сите книжарници „Литература.мк“ како и да се нарача онлајн на www.literatura.mk.

„Денеска ти нема да играш“ е приказна за Ана и за нејзините другарчиња од одделението кои се жртви на булинг. Порано, одењето во училиште им било забавно, но полека прераснало во кошмар, откако Ема станала дел во класот. Таа е злобна и им заповедува на сите, но особено Ана е главната мета на сите нејзини напади. Ана почнува да се чувствува лошо, има намален апетит и станува сè потивка.

– Мора да знаеме и повеќе да зборуваме за тоа дека насилник не се раѓа туку се создава. Насилното однесување поттикнува и друго насилно однесување. Насилството е прикриен апел за помош и многу често е инициран од семејно насилство или тоа дете е мета на насилство од братче, сестриче или од маалски настани. Причините се во семејството, но и важно е колку детето има компетенција да се справи со социјалната средина – посочи психологот Стефановска.

Таа истакнува дека насилството се третира во различни врснички групи и секаде ќе се најде некоја причина. Тоа е маѓепсан круг и дете што е жртва на семејно насилство најчесто го пренесува и на другите.

– Со насилникот треба да се работи. Во нашето општество се прават две грешки, односно се третира проблемот, а не причината и се зборува со жртвата, а не и со насилникот. Со тоа што ќе го казниме насилникот не го решаваме проблемот – посочува Стефановска.

Комплетната промоција каде психологот Стефановска дава и детално инфо за насилството на општествено ниво, како и слабите точки во пристапот кон овој проблем може да се погледне на следниот линк.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извинете што Ве излажавме

Редакција

Зголемена смртноста во Македонија: Лани починале 20.446 лица, од нив 112 доенчиња

Редакција

(Фото) „Макпетрол“: Лажна наградна игра циркулира во приватни пораки на социјални мрежи

Редакција