еМагазин
Image default
Локално

Во Тетово најден избеган затвореник осуден за убиство

Тетовската полиција денеска го нашла и привела 37 годишниот Л.К. од Мала Речица, кој се барал со потерница за да доиздржи казната затвор за убиство. Тој бил најден во Тетово.

-Денеска околу 13:10 часот, на улица „170″ во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 37-годишниот Л.К. oд Мала Речица, кој со потерница од Казнено поправна установа „Идризово“ се барал за доиздржување на затворска казна од две и пол години за сторено кривично дело „убиство“.

Приведениот Л.К. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје на доиздржување на казната, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Осуденикот успеал да избега од затворот по што била распишана потерница за негово наоѓање.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со камен расчистувале расправија на „Дижонска“ во Скопје

Редакција

Уапсен 59-годишниот маж, кој преку социјалните мрежи се закануваше дека ќе силува малолетничка

Редакција

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

Редакција