еМагазин
Image default
Бизнис

Ковид-19 ја намали добивката на „Макпетрол“ за 2,5 пати

„Макпетрол“ АД – Скопје лани оствари вкупен приход во износ од 16,76 милијарди денари, кој е помал од минатогодишниот за 6,14 милијарди денари, односно остварен е пад од 26,82%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Во структурата на приходите, најголем удел со 98,8% имаат приходите од продажба, од коишто 97,0% од приходите се остварени со продажба на домашниот пазар, а само 1,8% приходи се остварени со продажба на странски пазар.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 16,38 милијарди денари што претставува намалување во однос на минатата година за 5,55 милијарди денари или за 25,32%“, информираат од компанијата.

Друштвото лани оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 381,05 милиони денари која е помала за 60,70%, односно, помала за приближно 2,5 пати од остварената добивка претходната година кога изнесуваше 969,53 милиони денари.

„Основна причина за намалување на остварените приходи и добивката е намалување на прометот на стоки и услуги со почнување на епидемијата, односно пандемијата предизвикана од заразата со вирусот Ковид–19“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трансакции вредни илјадници евра: Менаџерите се раскупуваа акции од „Макпетрол“

Продаден блок акции од „Макпетрол“ за 354.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепски „Мермерен комбинат“ ќе исплати бруто дивиденда во износ од 1,71 евро по акција

Редакција

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција

„Витаминка“ планира приходи од 53 милиони евра во 2021 година

Редакција